Редовниот сервис се врши според спецификација на типот на возилото. Повеќето возила се опремени со индикатор, кој што ги чува податоците за секој извршен сервис, и не потсетува за секој нареден сервис. Редовниот сервис започнува со дијагностика на специјализиран, компјутеризиран дијагностички уред.
Филтри
Филтрите имаат за цел да ги отстрануваат загадувачите пред тие да направат некаква штета. Со текот на времето, овие честички се наталожуваат во филтрите и затоа треба редовно да се менуваат.
Доколку редовно ги менувате филтрите, осигурани сте дека автомобилот ќе ве служи долго време. Филтрите имаат за цел да ги отстрануваат загадувачите пред тие да направат некаква штета. Со текот на времето, овие честички се наталожуваат во филтрите и затоа треба редовно да се менуваат.
Ова вклучува:
· Филтер за гориво (на секои 2 години)
· Филтер за воздух на моторот (на секои 10.000 – 15.000 km)
· Филтер за воздух во кабината (на секои 10.000 – 15.000 km)
· Филтер за моторно масло (менување со секоја замена на масло)
· Филтер за емисија на гасови (на секои 100.000 km)
Моторно масло
Се препорачува да се провери нивото на маслото на секои поминати 1000 km, а особено е важно да се провери пред долги патувања.
“Маслото кое кружи низ вашиот мотор треба да го менувате редовно, бидејќи собира мали честички од метал и други остатоци што можеби поминале преку филтерот, а тоа доведува до згуснување и затемнување на маслото и го прави помалку ефикасно.”
За различни типови на мотори се користат различни масла, според спецификација на производителот.
Моторното масло игра исклучително важна улога и директно влијае на животниот век на моторот, па затоа е многу важно редовно да се проверува и навремено да се менува. Неправилни и ненавремени промени во маслото може да предизвикаат оштетување на деловите на моторот.
Моторното масло има свој работен век и во нормални услови на употреба, адитивите делумно се трошат, а самото масло старее и се деградира. Деградацијата на маслото е неизбежна и брзината на деградацијата зависи од голем број фактори (квалитет на базното масло, адитиви, услови за возење, дизајн на мотор, итн.).
Возачите на дизел возила опремени со DPF филтер, да обрнат внимание на периодичниот интервал за замена на маслото, бидејќи дополнително се деградира заради присуство на дизел гориво во истото.
Се препорачува да се провери нивото на маслото на секои поминати 1000 km, особено е важно да се провери пред долги патувања. При промена на маслото, неопходно е да се следат препораките на производителот на возилото за интервалот на промена, вискозната градација и квалитетот на маслото.
Comments